брзо (прил.) - додаде (гл.)

Имено, во Потковицата отсекогаш се знаеше дека стопаните на Имотот, Акиноските, водат тевтер и дека во него, покрај својата историја, Акиноската, запишуваат и сè друго што се случуваше тука, во Потковицата, и во двата најблиски града, во Прилеп и Битола - ако беше во врска со Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Замолчува и брзо додава: Јас им правам поклон на ајдутите, каков што бил Владимир Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тевтерот Акиноски така било запишано, ти одговара и брзо додава: Јас лично него не сум го видел но за многу други работи, кои биле таму запишани, сам можам да посведочам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како Исус Христос што бил, брзо додава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога по половина час се врати, на лицето му лебдеше загадочна насмевка: „16 златници! – и брзо додаде, неможејќи да го скрие восхитот: „Колку е убава ќерката на бакалџијата!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А пајките по селата масовно умираа од срамни болести. „Може ли жена да има брадиче?“ праша Мануш, и брзо додаде: „Прашав така. Се сетив на богородица.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Брзо додаде дека нема ништо лошо во парите, обидувајќи се очајнички да се надоврзе на аскетските проблеми кои, тврдеше, единствено ги забележал.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Боб паузира за момент, и потоа брзо додаде, „Сигурно да те сака, ужасно многу.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По последните зборови, како да се уплаши од тоа што го кажа за здравјето, па брзо додаде: - Сега не...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Ќе те земам друпат, - одговори тој и за да го спречи нејзиното плачење и врескање, брзо додаде.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)