брзо (прил.) - влезе (гл.)

Кога авионот слета, во него брзо влегоа двајца болничари.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога Едо селанецот на авторот некаде пред мостот му се изгуби од погледот, овој стана и, внимавајќи да не го види некој брзо влезе во уличката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така, без тропање, брзо влегоа и во нашата детска соба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Полека, како божем секое нејзино нагло движење да може да ја разлути змијата, таа го зголеми растојанието помеѓу себе и змијата и, додека сѐ уште ја гледаше, но сега на доволно безбедно растојание, јурна да трча и, спринтирајќи околу аголот на куќата, брзо влезе во кујната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)