бргу (прил.) - ќе (чест.)

Козата бргу ќе се најде во планината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најдо се израдува што така бргу ќе му се исполни желбата да си одмазди за нивата и маките во јамата од стрика му. — Јас — рече — ќе ода напред.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Момчињава толку се истошени, та ни оган не ќе отворат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аскерот ни иде по трагата и бргу ќе нѐ открие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ако не сте знаеле бргу бргу ќе дознаете дека сте атерирале во земја со ѓаволска географија, убава за око а тешка за живот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И да го примиме во Судот, бргу ќе заглави, на првите параграфи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Претчувствувавме дека бргу ќе се врати.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не мислев дека толку бргу ќе му ја откријам својата мака.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
САЗДО: Смири се, Ефтиме. Ова бргу ќе го заборавиш.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Та тоа е само една несреќна старица.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Ако останеш неопределен како мал облак, ветрот бргу ќе те разнесе- рече старецот, гледајќи горе, кон небото и покажувајќи со раката. – Еве, ова мало облаче се наоѓа насредина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се надеваме дека сосема бргу ќе видиш во што е работата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, сега ние ќе те сочуваме, ти само биди си мирно и чувствувај се како дома. Ти бргу ќе сфатиш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги броеше своите последни воздишки со надеж дека последната бргу ќе стаса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Денес, тој пее повеќе од секогаш. Ние сме сигурни дека за бргу ќе ни дојдат до рацете и нови, уште пообемни и побогати, збирки, нови рожби на нашата прочуена македонска народна поезија.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Кај некои од овие букинисти порача неколку книги пред заминувањето со надеж дека бргу ќе се врати во Париз и тогаш ќе си ги земе порачаните книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога Marion Muller ја напиша својата статија во веќе споменатиот број на „U&lc” :”Се чини дека Frere- Jones e надеж за иднината”, не можела да претпостави дека тој тинејџер толку бргу ќе ги надмине неизвесностите на почетниот стадиум на дигиталната сфера и дека ќе го најде своето место во срцето на современото фонт-дизајнерство. Frere-Jones уште од самиот почеток знаеше дека фонт- дизајнерството не е уметност која изумира, како што анти- компјутерските луѓе предвидуваа дека ќе се случи, туку дека ќе остане извор на креативно задоволство, интелектуална стимулација којашто има и значаен јавен интерес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се свртив кон другите писма, одложувајќи го уште еднаш, според некоја неподнослива леснотија одговорот на Мајкиното писмо, чија содржина, бргу ќе ја заборавав, а им посветував голем дел од мојот живот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лажно се тешев, одложувајќи го одговорот дека Мајка како и секогаш има разбирање за својот син!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А старците и бабите и инаку бргу ќе изумрат; зошто само гревот да им го земаат на своите души.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЉУБА: Да, бргу ќе одам. Веројатно, ние уште ќе се караме со Аљоша.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Непријателот здраво се зацврстил и немаше изглед дека бргу ќе го напушти овој Митрев свештен крај, неговите ниви, ливади и куќата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тоа бргу бргу ќе стане олимписка дисциплина Сосе опасноста од разводнување заради геслото Дека било важно да се учествува кое на исток понекогаш се доживува И како изветвен еуфемизам за неуспех и предавање Тоест кршење на победничкиот дух со кој се натопени
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не зеде друга облека, оти Татко ја уверуваше дека, на другиот брег од Езерото, бргу ќе најдат сè што им треба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги прашаа уште колку време ќе проведат овде, а тие му одговорија дека зависи од тоа колку бргу ќе ги проучат терените...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
3. Со татко ми две работи можат да се случат: или бргу ќе оздрави или ќе ја презими зимата в постела: сѐ што приготвува најубаво јадење мајка ми, нему му носи: пилешко месо, недоварени јајца, сутлијаш, пита, мед.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Легнав на погрешна страна. Бргу ќе се свртам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не знам, ама бргу ќе дојде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
До таму, до каде што стигна тој, јас не ќе можев. Бргу ќе малдисав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Бргу ќе им мине, како што ми мина и мене.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)