Вака, ќе му кажам најпосле – и сакаше да стане и да излезе, но се присети нешто и плусна со рацете: Влезе гавазот и со вообичаеното темане поздрави. – Бујрум, кади баба. – Тука е Суљо-ага, Акифе? – го праша кадијата. – Тука е, кади баба. – Ја бргу викни го да дојде!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)