божем (прил.) - не (чест.)

„Значи“, објасни Пере, „ти и жена ти Агна божем не сте биле во добри односи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Рече дека божем не спал цела ноќ, мислејќи на копањето. Не верував, но немав друг избор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа и му одговара да пишува дека божем не постои една вистина, или дека вистината не е чиста, дека обидот за чист план се извлекувал, дека таквиот план, под чудни (чудни!) околности, се уривал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Божем не спијам Божем се будам, божем станувам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Излеговме од визбата, божем не ни е гајле, а знам дека и Влатко имаше чувство на пораз - како и јас: небаре потурен со студена вода.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во таа долина со бели грмушки пена божем не замрел вик божем не малаксал од.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Молчев и не ја гледав, божем не ја забележив кога ми се доближи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ИВАН: (Божем не го чул.) Зошто не ме разбуди?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Не доаѓа предвид. И моите и твоите ќе нѐ стават во топ, Рада божем не сакаше!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И ми раскажува мене, во тајност, божем не знае дека 3 минути не можам тајна да сочувам, а јас фаќам белешки од нејзиното раскажување и едвај чекам да испијам едно кафе со сонувачот, кој веќе глава на перница нема да стави без неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Пушти го, тој ми бил Наполеон, божем не го знам јас него!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„А, за пушењето?“, како мало дете го прашувам, божем не знам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во истата ноќ, додека Додо и другите спиеја, ја употребив својата моќ да господарам со соништата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Бос како кенгур, - се согласи Пишпирик. –А да имаше пари, ќе му дадеме чизми од пингвинска воздишка, увезени од јужнополарните мориња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Божем не знае што доживеав, синиот пајак со златна глава ме праша дали спијам или сум буден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Гласот на развигорот се уште над мене одѕвонува...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Им го кажав и јас своето име, и божем не сум ја слушнал нивната рекламна песна, прашав што продаваат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Божем не ги слушам, пеев и ги будев оние што не беа околу мене: Меѓата на очајот со храброст мини ја- Никој не ќе ти донесе слобода на чинија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кој? - повтори божем не чул и истовремено му ја залепи левата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога дошле, ми кажувше подоцна стрина ми целата возбудена: Почнаа по собите да те бараат, а стрина ми божем не ги разбрала за што се дојдени, им рекла: Повелете нам ни е денес слава, чекаме гости.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако излезеше да се прошета крај куќарките на аргатите и чифчиите кои работеа на сегашниот имот од Петрета, одеше со кренат камшик, небаре мутесарифот Мехмед Фаик-паша дошол на обиколка, и на сите им се обраќаше со „Господот наш Исус Христос да ни е на помош”, божем не знае каде се наоѓа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но таа божем не го слушна тоа. Си продолжи по свое.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Благица молчеше. Да ја излаже мајка си - божем не видела, не сакаше, а да ја каже вистината се плашеше од тоа што ќе рече мајка ѝ.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Дека, според Валерија, божем не сум ги сакал птиците.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Еднаш јавуваа дека божем не знаат ништо за неговата жена!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Божем не била нејзината смрт, како што беше објавено, несреќен случај!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Се согласувам со тебе. Има такви, како што ти ги нарече -подбуцнувачи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вистина е она што се зборува?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А по некое време, дека наслушнале понешто, нешто втасало и до нив, но колку е вистинито тоа божем и самите не се сигурни!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Х.Х. е во недоумица. Ја погледнува првин строго, а потоа со израз на рамнодушност, божем не ја слушнал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се прави како божем не ме гледа, ама знам оти ме гледа, под око ме држи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Ве молиме, ние сме жени, велиме, божем не знаеме дека се од безбедноста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас, се разбира, како божем не забележувам, си ѕенѕав на музиката во бавен и брановиден ритам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)