И јас се грижам, реков сериозно, божем е толку просто да ме разбере.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Божем е мала скапијата, божем се малку болештините.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Штом он тргнал, она избегала пред него, пестотини метра, онаму легнала на џадето, на патот и се преправала лисицата божем е умрена.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И совладувајќи го липањето шепоти, божем е над детска лулка, како Борис ѝ заприлегал на нејзиниот Кара-Димитрија, кој од турските чалми врвки за опинци правел.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Зошто понекогаш езерото се проѕева ширум
божем е бел тигар, бела мечка
се надига како квасец подготвен
за најголемиот леб на светот
(ти викаш светот не е само она кое се гледа
од оваа страна на видиковата линија
и сѐ повеќе ти верувам!)?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)