божем (прил.) - бев (гл.)

А нели, знаеме, братучедот Благоја божем беше исчезнал таму негде горе, во планината, и тоа уште во текот на војната (сè ова веќе е речено) а исчезнувањето на Пеперутката, се случува вчера и тоа можеби рано наутро пред да зазори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тој, гласот, толку многу се изитри во скривањето, божем беше вистински дух, што не оставаше никаква трага по себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А руменото Розе божем беше загледана во неговата приказна со таква незаинтересираност и со таков парчосан поглед, што Раде и вистински поверува дека таа ништо не разбра.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)