близу (прил.) - село (имн.)

Коа дошле близу селото Плетвар, кај Дервенот, видел Силјан полето Прилепцко; видел Маркуј кули; видел и манастирот Трескаец, и од радос веднаш беше слегол до едни камење за тамо да се потурит со шишето вода, за чоек да се сторит и оттука пеш да си одит дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога дошле близу селото Плетвар, кај дервенот, го видел Силјан полето Прилепско; ги видел Маркови Кули; го видел манастирот Трескавец, и од радост веднаш слегол до едни камење, за тамо да се потури со шишето вода, за човек да се стори и оттука пеш да си оди дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Арно ама што рекол некој: „Не треба чоек да се радуат многу, ни да жалат многу, оти зијан ќе го најдит.“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Нас не товарија во камиони и по целоноќно возење, пред зори не растоварија зад караулата Маркова Нога, близу селото Долно Дупени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)