близу (прил.) - граница (имн.)

Ја гледа мојата слика, основните податоци и ми вели: - Па вие сте роден овде. Во Поградец. Близу границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имено, кога за време на Велигденските празници бев во едно грчко село близу границата со нашата држава, повеќето од луѓето што ја сочинуваа полноќната процесија зборуваа на македонски јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Близу границата ми пријде несетум една жена од моите блиски по мајчина линија, индиректна рода и ме гледаше час со извештачена доза на благо сочувство, час со извештачена доза на сожалување, којзнае која беше вистината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка повеќе сакаше да останеме овде, близу границата, отколку да се оддалечиме од неа, да се соочиме со минување на нови граници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Како што реков, - продолжи секретарот, - на највисоко ниво е решено на нашата река да се извршат неколку зафати од пошироко стратегиско значење: да се кренат две големи хидроцентрали, едната близу Езерово, а другата близу границата со нашиот западен сосед, со кого сме и во братска социјалистичка заедница.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се соединуваа душите, се избираа меките зборови на судбината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И не случајно, на брегот на Езерото, во Струга, близу границата која некогаш ја минавме, татковите книги го остваруваа вториот живот низ моите занесни читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И еден ден, месецот не го паметам, тоа беше 1949 година, таму каде што ги пасев овците, на Присојо, близу границата, пред мене излезе татко.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)