Иако отпрвин „геј“ го дефинира како нешто што ги опфаќа и „родовиот идентитет и сексуалната ориентација“, а и како нешто што се однесува на „маж кој е (истовремено) родово нетипичен (психолошки и можеби телесно андрогин или женствен) и начисто хомосексуален по својата ориентација, ако не и практика“ (13), па иако неговата конечна пресуда ги дефинира геј- мажите како некои што се „невообичаено устроени и според родовиот идентитет и според сексуалноста“ (263), тој заклучува дека неговото „разгледување на природите на геј- мажите всушност се однесува на родовата ориентација, а не на сексуалната ориентација сама по себе“ (262, курзивот е мој).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тогаш, кога најпосле сфатив дека тоа што го гледам е можеби одлика на геј-детството, ме заинтересира овој тренд на родова нетипичност...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој благонаклонето цитира една забелешка што Џон Клам ја изнесува на почетокот од својата книга за музичкиот театар и машката геј-култура – „Според мене, суштествувањето како геј има исто толку врска со посветеноста кон некои видови култура, колку што има врска со моите сексуални настроенија“ – навидум прифаќајќи го благо отфрлачкиот и леко омаловажувачки став кон сексот што провејува во Кламовата употреба на старинскиот збор ‘настроение’ кога зборува за хомосексуалниот избор на предметот.334 За Фелоуса, „геј“ не е синоним со „хомосексуалец“ и никако не треба да се сведува на тоа (13).335
Онака заинтересиран за „некои од особените димензии на машките геј-животи кои ја надминуваат сексуалноста сама по себе“ (x), за „несексуалните димензии на природата на геј-мажите“ (243), Фелоус доследно ја ублажува важноста на сексуалноста, сметајќи ја за едно од „најнесуштествените нешта“ според кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите – односно, ја смета само за знак на подлабока разлика, која мора да има врска со особеноста на „геј-сензибилитетот“, сфатен како „суштественa страна на човечката природа“ (262).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сето тоа ме наведе да се запрашам: Ако од стрејт-мажите се разликуваме само по сексуалната ориентација, а не на некој друг суштински начин, зошто ja откривам оваа претежност на геј-мажи што биле видливо настрани уште од детството, обично со години пред да им започне сексуалниот живот? (ix–x)
Ваквото размислување го наведува Фелоуса на заклучокот дека „гејството подразбира многу повеќе од само сексуални партнери и практики“ (262).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)