бесцелно (прил.) - низ (предл.)

Солун може најдобро да се почувствува кога се скита бесцелно низ него, од улица во улица, од сокак во сокак, од излог до излог, од еден во друг крај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Па, не ти е забрането сам да го шеташ? – се зачудив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дента, откако ни здосади со албумите, малку се врткавме бесцелно низ собите, малку гледавме телевизија, ама немаше ништо интересно, кога Саше предложи да го прошетаме Бак.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убаво, пријатно и необично и да се талка бесцелно низ Прага, особено во стариот град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)