Ќе си поиграат поединците со ваквата дарба извесно време, а потоа наеднаш изненадени и самите ќе откријат дека дарбата ги напуштила, а некој, на кого дотогаш воопшто не му обраќале внимание наеднаш ќе се јави и бесрамно ќе објави оти токму тој е единствениот кој е надарен со поглед во иднината, и сите поранешни јунаци, избезумени, ќе слушнат дека тој, новиот, всушност ним им заповеда и дека бара од нив часкум да се свртат назад.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
При средбата со девојката, и покрај болките на кои со денови укажуваше додека ја молеше судбината што побрзо да го истакне својот суден знак и да го објави свршетокот, тој бесрамно ќе побрза да ја замоли истата таа проклета судбина да го одложи за неколку мигови приоѓањето на неминовноста.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Што се однесува до мене, јас сум сигурен дека овој ден ќе биде најдолг и најтежок од сите што сум ги имал и ќе ги имам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А тебе, нели, баш ти е грижа, и толку ти е сеедно, што со рамнодушност ќе ги проследиш, и солзите на натажените, и подмолноста на завидливците кои некогаш ти здодеваа а сега бесрамно ќе изигруваат потиштеност и болка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе ја грабне ѕверот несреќната Кралица во мечешката шепа И бесрамно ќе објави дека сум ја загубил партијата.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)