Така е можно дека во иднината сопственото тело интертекстуално и бесконечно ќе го рекомбинираме, што значи дека нема веќе да биде заробено во својата „конечна” функција, туку ќе биде по желба заменливо или компатибилно со други тела или со нивни делови - зачувувајќи ја сопствената свест - а сѐ ќе биде во служба на барањата на интересите на половата наслада.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ако успееме да ја спасиме чистотата на Езерото, кое е бесценет извор на питка вода за еден цел жеден континент, Европа, цената на Езерото, тогаш, бесконечно ќе расте.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)