арно (прил.) - ама (сврз.)

Арно ама, мислата, зародена уште на чардакот на вториот ден на Велигден, дека ќе треба Нешка да си ја оддели од неа, почна секоја ноќ да ја мачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно ама, таман се готвеа и двете страни за радост, положбата на Бугарковци се измени и тие го напуштија Добро Поле, ги кренаа пушките да си одат дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно ама, едно мисли Митра, друго мисли Доста: „Браче Трајка го трна од Митра. Сега треба неа да а одалеча од него да не го соблазнуа, та еден ден да му се накриви самарот, да помини во нејзин табур.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно ама, таа зима „крши вратот“ и Бисера, се омажи за Грбанџовиот Трајка, та остана поповата куќа на Жиовчевата Анѓа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно ама, времето си вршеше и попот реши да го прати Крстета на училиште.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно ама она што загрижуе е што 20 % од мушкарците се педери, но и 90 % од жените се спонзоруши така што не постои унифицирано решење за ваквата калакурница у мушко-женските односи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Арно ама, таа мала фасадна вдлабнатина нам ни е замена за сите наши минати балконски и балкански светови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Арно ама, еден ден, лето по сенокос, ова време вака, на зајдосонце, кога отидов да го земам од каде што го имав врзано да пасе во ливаѓето Бела Војца, не го најдов. Ми го украдоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Купив друг, арно ама, самиот јас го убив без да сакам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Арно ама, нарачката треба да се сними комплетно, од почеток до крај, заедно со целото оро, кое ороводачот, личниот шофер, го „танцаше“ и го виеше на широко околу цела сала и, бидејќи три - четирипати некој друг си зафаќаше мало кратко оро, музиката престануваше и, заедно со текстуалната порака читана на глас на микрофон, повторно се снимаше од почеток.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Царицата и самиот цар се сториле тебдил и еден по други беа ошле кај момчето, та беа му купиле по еден зајак за како од како да му ѝ скусат зајаците, арно ама момчето било итро како некој ѓаол, тики ѝ сетило и царот и царицата, та му зело пари многу и му удрило по еден муур на буто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа виде оти сите ќе 'и испасам и пак дома ќе му 'и донесам, и како што му 'и донесов, прати сина си тебдил да ми купи еден за да ми се скусат зајаците, арно ама откоа му зедов многу пари на сина му, му дадов еден зајак, арно ама му удрив и еден муур одзади на бутот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На тоа згора, го послушал царот момчето и напраил три чардаци на едно широко место, та повикал сио град, мало - големо, да гледаат сите коа ќе му 'и дават трите вреќи со лаги момчето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа видел царот, на чудо станал како да ѝ натокмит момчето пак зајаците.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И од тие лаги беше црпило и наполнило вреќата друга со лаги и ја зашило, та ја подврзало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа чу тој збор царот, беше се уплашил да не речи така и за него, чунки и нему му беше удрил еден муур, така и на царицата, тики надупил големците царот да викаат оти е лага тоа што кажало момчето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во принцип, според пописните листи, ликвидацијата на козите била педантно завршена, арно ама, козарот знаел оти овие клетници повторно ќе дојдат, да проверат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Арно ама „јагнето”, проклето да е, уште комисијата не била излезена, замекало како секое козле...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Арно ама, без оглед каде и за што се водеше разговор, кога ќе наближеше крајот, кога неизбежно ќе дојдеше часот за збогување, обично во претсобјето, низ полузатворената врата, тој уште еднаш ќе го провреше своето бледо лице со живи црни очи и на главата на семејството, која прашањето со страв го чекаше, ќе ѝ речеше, небаре се работи за нешто сосем споредно: „Туку, можеш ли да ми...?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само за кратко време, беше неговата омилена парола.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)