Имено, за оној кој не е правник – можеби и апсурдно делува податокот дека за спор од 100 ЕУР, парничните трошоци [теоретски, но и практично] може 2. На пример: Нешевски vs РМ (Жалба бр. 14438/03, Пресуда од 24.IV.2008); Ѓозев vs РМ (Жалба бр. 14260/03, Пресуда од 19.VI.2008); Димитриева vs РМ (Жалба бр. 16328/03, Пресуда од 6.XI.2008); Димитриевски vs РМ (Жалба бр. 26602/02, Пресуда од 18.XII.2008) и др. 303 да изнесуваат и 500 ЕУР па и повеќе, што зависи од околностите под кои се одвива секој конкретен случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, сметаме дека конечно се созреани условите, сосем легитимно, да се постави прашањето за потребата од преиспитување на уставниот концепт на траен мандат на судиите, со сите негови позитивни и негативни аспекти – којшто кај нас се покажа како комплетно промашување, бидејќи наместо да стимулира независност и објективност на судиите, тој се извитопери во концепт кој поттикнува пасивност и незаинтересираност на судската фела за реалните проблеми на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2 Токму во духот на онаа позната максима дека „задоцнетата правда е неправда“, мора да се стави до знаење дека вака воведените законски рокови од инструктивни, треба да станат облигаторни за судиите – на тој начин што би се предвиделе и санкции за нивно непочитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)