При толку многу нова светлина клепката ми се отвора како златниот капак на џебниот часовник и не може да ѝ се изначуди на глобалната празнина на хоризонтот во која ласерските зраци се мачат да заиграат чочек.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Се поклони и нешто шепна, покажувајќи на својот џебен часовник, а потоа се оддалечи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во згрчената дланка на левата рака држел сребрен џепен часовник истргнат во битката од непријателски офицер.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Оттаму кон пристаништето забрзано се валкаа распенети бранови кои потем шумно удираа во камениот ѕид на молот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
САЗДО: (Ослушнува внимателно и го вади џебниот часовник) Еве го патничкиот, точно навреме!
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
САНЕ: (Го вади џебниот часовник, го гледа и врти со главата загрижено) Ба му мајката, досега три минути.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Сане со ракав го брише замаглениот прозорец и го залепува носот на стаклото.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
65. Моите познаници се движеа меѓу паднатите рицари собирајќи ги прстените, паричниците, џепните часовници, моминските чеизи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)