Во неа никој немаше пристап, дури ни кучиштата, па мршојадите на мира се гоштеваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само по три работи се разликуваат: во Потковицата никогаш не се дозна кој го уби Јована Дамчески, додека за Видана и за Ристана Голушкоска Гојдарката се знае - ги уби син ѝ на Ристана Димко Силистарко.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се надува неколку километри потаму од јужниот ѕид на имотот Акиноски, зад Зедница, веднаш под Драмчески Ливади.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И секогаш се одморуваа таму, на Бел Камен, стотина метра зад јужниот ѕид на Имотот, на падините на Зедница.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Стотина метра потаму од јужниот ѕид на Имотот, на падините на Зедница, точно по средината на Градишки Пат има еден неголем бел камен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И двете во ист час, во исто време и на исто место завршуваат: на зајдисонце, во време вршење, на Зедница, на Бел Камен, стотина метра потаму од јужниот ѕид на имотот Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Откако ги стави дрвата под ниската стреа, залепена до јужниот ѕид на колибата, заградена од три страни со штици а отворена од предната страна, Бојан влезе во колибата, задржувајќи се таму десетина минути.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеби цел час ечеше гората од ударите на секирата, а потоа момчето слезе до потокот и почна да ги зема трупците и еден по еден да ги пренесува во стреата што беше залепена до јужниот ѕид од колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во мај 1933 пристигнаа во Солун, полни со амбиции и со убави очекувања.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И среде таа ноќ на ужасот само Храмот го осветлуваше пределот послан со човечки тела, а пред јужниот ѕид на Градот слета војска од сиви архангели што не беа ни Гавриил, ни Рафаил, ни Михаил, ни Ариел, ни Азраел, ни Јофиел, ни Јеремиел, ни Метатрон, ни Рагуел, ни Разиел, ни Сандалфон, ни Уриел, ни Задкиел, ни Ханиел, ни Шамуел, но некои други Сили и ги ставија шофарите што сега им беа свиени до шестпати и засвирија шест по шестпати во нив, та падна јужниот ѕид на Градот и се отвори браната кон Ге Хином што значи „долината на децата на Хином”, која се протега од подножјето на ридот Цион до кидронската долина, па штом падна јужниот бедем од долината, заплисна врелиот здив на зборот Гехенна, поимот на Пеколот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
на плочникот пред хотелот турист среде скопје коста балабанов и вечерва занесно прикажува што всушност мислеле пајонците а што запишале македонците колку корави му биле дланките на дичо зограф колкав ѕид требало за јордан хаџи константинов џинот асолно да се потпре на историјата и колкави мажи требало да го исправат јужниот ѕид на црквата света софија во охрид.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)