јануари (прид.) - ден (имн.)

И пак месото им останало наежено: руменилото паѓало на чисти и здрави кожи, можеби тоа ги закитувало младите образи и во мразулчави јануарски дни и ноќи, секогаш, на ветар и под виулици, како ни од претскажувачко жолтило што не се ослободувале старците, посебно побогатите, по низа години без допир со надворешно струење на воздух и со навики за севозможни уживања во затворени одаи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ за карневалот Во овие јануарски дни најживо беше во центарот - токму на она место каде што се наоѓа и трговскиот центар, кој од едната и од другата страна е заобиколен со многу стоковни куќи, во кои може да се најде сè што ќе се побара.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Замислете си, во тие јануарски денови кога Брехт барал да се прикажува претставата, властите да го исклучиле греењето, како на сцената,така и во салонот каде што била публиката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од лицата им се губела зимската мувла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)