јавен (прид.) - коњ (имн.)

Се збогува и со другите селани, го јавна коњот: сувариите по него прејдоа отспротива и заминаа долу Руда, накиснати, како војска која бега пред непријателот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ќе појдиме ние со Ќосото до кај Папради да ватиме врска со Градешница, а вие денувајте тука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бидејќи му одговараше сермијата, отсекаде му дадоа со извесна лихва и Стеван уште околу ужина го јавна коњот, со сакмите на него, парите во џебот и право отиде горе долот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе ги собра другарите, го јавна коњот и на очиглед на целата војска го бодна преку страна над село, а бимбашијата сам прв тргна со една од пушките на војниците; беше прилично оддалечен — не го погоди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По него летаа бомбашите, по нив фрчеа куршумите од залегнатиот аскер, дури еден од стотиците куршуми не го погоди Манола и тој на место остана да ја цеди крвта што му штрекаше од двете слепоочници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе го јавна коњот на седлото, со Ќосето зад него, и му ги забоде мамузите во ребрата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— му нареди на стрика си и го јавна коњот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со такво расположение Толе ја преседе ноќта по борбата во Полчишта и во зората го дочека и Мише Ќосото, кое оваа ноќ ја проведе со тетка си, и уште неразденето си го јавна коњот со дисагите, полни месо, леб и алва и си ја фати неговата златка Сливина, да си го продолжи својот стар занает — арамилакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Адем го побара дома Толета, ги напсува жените што не отидоа утринава на работа и, кога му кажаа дека Толе отиде кај орачите, го јавна коњот и со трчанка отиде на нивата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Толе го јавна коњот, го дупна по Јована и си ја запеа старата омилена арамиска песна: Не плачи, мајко, не жалај мори, не жалај Не рони с'лзи крвави, мале, крвави По твојте бели јобрази, мале, јобрази Оти ќе стана ајдутин, мале, бунтовник Турчинот не го јоставам, мале, јостапам Турчин да ми се башари, мале, тамбари, На татковото јогнишче, мале, јогнишче На мајкиното катишче, катишчо На сестрината постела, мале, постела...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој изналегна во гробиштата крај црквичето, а Толе продолжи нагоре, горе долот, убеден дека и сега лесно му се слизна од раце па бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но што се може... - го јавна коњот Жино и забрза кон другите полковници кои веќе беа одминати.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го јавна коњот и удирајќи го со петиците по мевот го истури сиот бес на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дедо Димо го јавна коњот и замина в село да го испрати својот пријател, својот драг планински сосед, до неговата вечна куќа, на малите, мирни гробишта над селото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Предремаа пред зората сите – и сужните и сејмените, и буљукбашијата си го јавна коњот и нареди да се тргне.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да сум речел, а зашчо?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Марко јавна коњот, отиде по риба да купи од Охрид.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И имал у едното срце змија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вдаден со мислите во бањата, Илко една ноќ сони како чадот запрел и истрча од дома, го јавна коњот и јурна низ селото да разнесе вест дека чадот запрел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)