По Голи Оток, му се смачи и политиката, и сиот јавен живот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И нашиот јавен живот во целост е компјутеризиран.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Самата природа, небото со неговата озонска обвивка повеќе не може да го одбегнува човековите влијанија.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ние - тоа е заменката на повторно пронајдената автентичност, а отсега тоа е име за обврзувачката хомогеност; беше тоа топол простор на братството по оружје, сега е празна падина на која бледнее и се замрзнува јавниот живот; беше тоа раѓање на една заедница самата од себе, сега тоа е исчезнување на секакво растојание, па затоа и на секоја можност за соочување на нејзините членови; беше тоа крик на револт, сега е солилоквиј на моќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Воздржани во себе, тие не можат да се артикулираат со функционалниот говор на јавниот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во јавниот живот Ласте Думбаровски беше познат по псевдонимот Почесен (како угледен фармацевт, кој донираше во борбата против проституцијата во Југоисточна Европа, тој беше промовиран во рангот на член од надворешниот состав на асоцијациите во Унгарија, Молдавија, Србија, Украина, Бугарија, Црна Гора и Романија), но во потесните кругови за него функционираше прекарот Ридски, според лозата на дедо му Аврам, со длабоки корени во Дрвош, на падините на Баба Планина.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Универзална појава во јавниот живот на СФРЈ.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Дали се кае поради нешто? „Па, тоа е збор со големо К. Веројатно во јавниот живот грешев како и сите други.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Така тој стана нешто различно. Од другите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Додека другите деца кришум ги запушуваа своите први цигари и се собираа со ококорени очи да гледаат голи женски тела низ цепнатинките што ги одвојуваа јавните бањи од останатиот јавен живот на Жешов, неговиот живот се сведуваше на дисциплина, на учење и на почит.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
-(4) Неограничената комерцијализација на јавниот живот за време на Вајмарската република излезе со едно квази решение во пресрет на стремежот уметноста да стане лаичка: двојниот пазар на уметнички дела.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тој не успева да го согледа ослободителниот потенцијал на новите медиуми како нови сфери на јавна расправа, како и начините на кои тие не само што придонесуваат за доминација, туку и може да послужат како инструменти на граѓанското учество во јавниот живот и начини на предизвикување општествени промени.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Приватизацијата на јавниот простор и сеприсутноста на рекламите го трансформираат градот во еден голем трговски центар: шопингот стана „доминантен модус на современиот јавен живот“118.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Можеби тоа има врска со фактот дека Хабермасовиот модел на јавната сфера е историски базиран врз моделот на печатените медиуми, коишто „поттикнуваа стилови на аргументација кои се одликуваа со линеарна рационалност, објективност, и консензус“107.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како простор на институции и практики помеѓу приватните интереси на секојдневието во граѓанското општество и областа на државната моќ, функцијата на јавната сфера е да служи како посредник помеѓу приватните интереси на поединците и барањата на општествениот и јавниот живот.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Наместо политички простор обележан со непосредувана интеракција и отсуство на принуда од страна на моќните институции, имаме простор за рекреација и забава, наменет за користење од страна на соодветна јавност, простор што е испланиран, уреден и безбеден.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Либералната и демократската јавна сфера – каде поединците критички дебатираат за своите 92 Douglas Kellner, “Habermas, the Public Sphere, and Democracy: A Critical Intervention,” http://www.gseis.ucla.edu/faculty/ kellner/papers/habermas.htm. 82 заеднички интереси и прашањата од јавен интерес – се води првенствено од разумот и рационалната критичка дебата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Јавниот простор и јавниот живот во градот се „или комодифицирани, банкротирани, или воопшто не постојат“117, што има штетни ефекти врз демократијата и слободата. 117 Margaret Crawford, “Contesting the Public Realm,” Journal of Architectural Education 49 (1995): 5. 100
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
А веднаш крај нив кулоарските еминенции, перфидните „византијци“ кои предизвикуваат страв, налик на господинот Џемперко со кого нѐ плашат дека ќе ни биде претседател ако не бидеме добри. И тоа е целиот јавен живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)