Во сонот не можеш да ми побегнеш... Ме довикуваш со твојот ѕвонлив глас.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Кога го слушаше радосниот ѕвонлив глас на Зорче, дури Сончко весело подрипнуваше. Така секој ден...
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
На пример, за тоа дека повеќе сака да плива во море отколку во река.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во нејзиниот ѕвонлив глас успеа, во сета тревога, да забележам малечка зафркантска нота.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Неговиот весел, ѕвонлив глас одекнуваше низ собите.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тој меко го извиваше својот ѕвонлив глас, топло, занесено, со притаена тага.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Носело магарето 'рпалци, сега бара зобница да му врзам на муцката, предизвикувачки рекла со необично ѕвонлив глас. - Вечер, се душел од возбуда Арсо Арнаутче. - Вечер, бездруго.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но таа, опседнувана на секој чекор од тајни машки желби, веќе знаела што сака тој и ѓаволесто се насмевнувала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ние, децата, макар што до подробности знаевме што се случило, кога дошле Италијанците а кога Грците, сакавме да го слушаме постојано тој пријатен, ѕвонлив глас на судбината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)