ѕвезден (прид.) - светлина (имн.)

Само таа умее да се моли и да ги пресоздава нашите мртви коски во ѕвездена светлина под која ќе нѐ споменуваат децата.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Од секој напишан збор вееше далечен повев откај дедовата ливада... копнежливи зборови што умеат да ги напишат само девојчињата во време кога уште играат со кукли, а во очите им заигрува чудесна ѕвездена светлина...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сѐ што знаете за сиромаштијата (сиромав човек жив ѓавол, парола снајди се) во Богота се мултиплицира и веднаш ви е јасно дека сте во метрополата на бездомниците - Богота, град потпрен на ѕвездената светлина, град во кој бездомниците се уплавосани од темнината на ѕвездите, град во кој бездомниците секој божји самрак се уверуваат дека нивните мечти не узреваат а дење балињата им се полни ѕвезди, колку цел ден да се допрашуваат денските ѕвезди вистински ѕвезди ли се?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)