-Штотуку мудруваш, старче? Лесно ти е тебе на планинава: не мора да работиш, се храниш со корења, со шумски плодови, спиеш под отворено небо, никој не те гони со задолженија.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
На крајот Влатко даде интересна информација: „Нашите другарчиња од Основното Училиште „Владо Тасевски“ се најдоа на страницата „Колибри“ во рубриката Учениците и екологијата, ќе ви прочитам еден дел од статијата: - Секоја сабота, ама буквално секоја, по околу триесетина ученици, пред сè осмооделенци, раководени од нивниот наставник по географија Ѓорѓиевски, одат организирано на Водно и уживаат во убавата природа. таму наоѓаат разни тревки, интересни растенија и шумски плодови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Но за децата од градот, иако полегнаа и почнаа да ја чешлаат тревата и да ги кинат крупните румени јаготки, овие шумски плодови веќе ја изгубија својата важност и привлечност.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)