И така, два клучни настана од Поетската Република беа во врска и со моите подоцнежни дипломатски години (кој да го знае патот на судбината?): престојот и пријателството со палестинскиот и арапскиот поет Махмуд Дарвиш и со големиот шпански поет Рафаел Алберти во летото 1978 година и преписката, престојот во Струга и повеќедецениското пријателство со францускиот филозоф и социолог Едгар Морен во 1990 година, со потекло од македонските сефардски Евреи...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во храмот Света Софија, на чии ѕидови запрела светоста, летот на синиот ангел, како симбол на човековото вечнеење меѓу земјата и небото, потоа на поетскиот мост на излезот на реката Дрим од Охридското Езеро, на пат кон морињата на светот во далечната 1978 година се славеше враќањето од егзил на големиот шпански поет Рафаел Алберти, но и другото враќање од егзил на палестинските поети на чело со нивниот бард Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во доцните августовски денови, кога бреговите на Езерото се чудесно обележани од најубавите сончеви залези во светот, поети од светот бараат место во вечниот Парнас, само еден од нив доживува вистинска конгрегација, станува добитник на златен поетски Венец, а во катедралната црква Света Софија, му се приредува поетска вечер, како колективна молитва на поетската вистина на планетата Земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Камилски речиси за никаков материјален надоместок во текот на една цела година објави и други статии во списанието: приказ на списанието Модерни времиња (Les Temps moderns) од месец јуни 1957 година, чиј уредник беше Жан-Пол Сартр, потоа приказ на книгата на Антонио Грамши Писма од затtворотt, потоа научниот прилог За културата на Елада, студија за шпанскиот поет Антонио Мачадо и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се формираше крај езерските брегови еден вид Поетска Република во која поетите откриваа вистински пристан во нивното враќање од егзил, кое најчесто не можеа да го остварат во нивните земји.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)