школски (прид.) - ден (имн.)

(Во неговите школски денови, се сеќаваше Винстон, во доцните педесетти години, Партијата тврдеше дека нејзин изум е само хеликоптерот; дваесет години подоцна, кога Џулија одеше на училиште, Партијата веќе полагаше право и на авионот; уште една генерација, и ќе полага право и на парната машина.)
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Да не се знаевме од школски денови, ќе помислев дека ме избегнуваш”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Да не си забележал дека некој од островјаните почнал да ве избегнува?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Не, фала му на Севишниот, не”, рече тивко Елеазар Корео.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Брзам бидејќи те знам од школски денови, Лука”, му одврати тивко Елеазар, рабинот на едната од двете градски синагоги.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ова не се времиња за средби со Евреи, макар и од школски денови”.  „Тоа може да важи за други места, Ели”, рече Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рабинот го фати под рака својот другар од школските денови и го однесе во другата просторија. Таму сѐ беше на своето место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Под закрила на ноќта, наредните денови Евреите на Закинтос заминуваа во планините, секоја група со организирани предводници, семејство по семејство наоѓајќи прибежишта по домовите на најчесто непознати луѓе.  Вечерта пред да замине со своето семејство на побезбедно место, рабинот Елеазар Корео побара да го види својот пријател од школските денови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека чекореше гледаше кон градот и започна да ја потпевнува „Школските дни“, тивко, за себе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)