Тогаш престојував кај Ристо Брзиѓанот. Нивната куќа (или стан во голема куќа) се наоѓаше близу театарот, речиси веднаш на почетокот на уличката која излегуваше на малото плоштадче пред театарот, чинам скаличката од Камениот мост ме симна директно на широкиот чардак кога пристигнав кај нив.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
— Ни глас да не слушна оти тргам — се провикна Толе и им нареди: — Сете напред во одајата, ако ви е мил животот! — искомандува и ги потера пред него по широкиот чардак.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во Ресен соѕида голема куќа со длабоки ќерали, со резба украсени одаи и широки чардаци.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)