Моето внимание го привлече фактот што многу фабрики во Република Македонија што произведуваат стока за широка потрошувачка, денес фактички се „производители” и на импозантни количини на шкарт.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Оттука па натаму, крекот прераснал во дрога за широка потрошувачка посебно во седумдесеттите, кога корисниците почнале сами да го произведуваат.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во принцип би било сосем едноставно вишокот на работна рака во светот да се троши со градење на замоци и пирамиди, со ископување на дупки и нивно повторно полнење, или дури со производство на големи количества стока за широка потрошувачка што потоа би биле уништувани.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Штотуку комплетираните резултати за производство на сите видови артикли за широка потрошувачка покажуваат дека животниот стандард пораснал за не помалку од 20 отсто во текот на изминатава година.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Или, пак, „ Тајмс“ од деветнаесетти декември ги објави официјалните предвидувања за производството на различни видови стока за широка потрошувачка во четвртиот квартал од 1983 година, кој истовремено беше и шести квартал од Деветтиот тригодишен план.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури и кога средствата за војување не се навистина уништени, нивното натамошно производство е згоден начин за трошење на работната сила, а притоа да не се произведе ништо за широка потрошувачка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не беше задоволувачко решение ни одржувањето на сиромаштијата на масите преку ограничување на производството на стоки за широка потрошувачка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Х.Х. нè уверува дека смислата на овој музеј, особено за странските посетители, е во тоа да се покаже дека има кадри и сево што е прикажано може да биде произведувано и во серии, за широка потрошувачка, но само малку треба да се почека, можеби во некој нов петгодишен план.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Има, всушност, низа негеј-културни облици, уметнички дела, производи за широка потрошувачка, славни личности и исполнители на кои геј-мажите им внесуваат геј-вредност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)