Жената само за миг прекина, со ококорени очи му се вдаде в лице и, правејќи широк круг со раката, викна: - Па, цела Русија е таква, бре... бре ти!... - таа не се дорече, ама уште погласно викна: - Цела Русија е таква!!!....
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И овците и козите и дворот полн јагниња и јариња; и воловите Баљо и Сивко и кравата Белка и двата коња и мачката и кучето Шарко и крушата до авлијата и бадемите и оревите и костените во Стара Ливада, бавчите, лозјата и благотата во каците и виното во бочките и песните пеени на седенки и ората виени во широки кругови на вигната и тоа беше дома..
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Потоа, станувајќи, во широк круг ги сними и другите планинари во кампот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Одеа полека, внесени во некој разговор, рамо до рамо, преку широкиот круг.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Скандалозното размислување дека сите жени се курви може да се заврти во наша корист ако така се навиеме наутро и, како на програматорот од машината, го свртиме копчето на програма: - Површна само на изглед, - Дете во тело на жена, - Таа која прва си оди, за да не ја напуштат, избегнувајќи ја во широк круг програмата „останува само покрај исцедени, од кои највисок дострел е да искапеш барем уште една капка“, повеќе поради предизвикот за докажување дека ете можеш!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Гемиџиската револуционерна акција била од таков карактер што ниту имала потреба од широк круг на соучесници ниту пак можело лесно такви да се најдат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Со вино ќе го платиме“, пеам, а жените ги фаќа некое пијанство, се отвораат во широки кругови: колца, колца на снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Најдобри објаснувања за виртуалната стварност може да ни даде секако Jaron Lanier, wiz- ard (хакерски термин за некој што го владее подрачјето до најмал детаљ), пронаоѓач и водечка личност во VPL Research Inc. претпријатието, коешто прво го создаде комерцијалниот модел на ВР и со тоа ја приближи на широкиот круг на корисници.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Го вовлече влакното до еден ротирачки, метар широк круг на сенишен полихром, и го смести пред себе.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Но, основната карактеристика на спомнативе системи е нивниот алфабетски карактер, кој настапува како противтежа на силабичко- консонантниот карактер на изворното старосемитско писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во овој круг влегуваат староиталските системи на писмо, старите малоазиски варијанти на писмо, како и широк круг на доцнежни системи на писмо, кои настануваат во епохата на христијанството.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Најпосле, откако направија широк круг под црната празнина, тропнаа на една врата на која одненадеж се појави Томе Биџов, синот на Борис Биџов.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Бело-црните штркови носени од топлата струја на ветерот вртат широки кругови над водјето и фаќаат висина повисока од ридјето на Пелистер и Галичица.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сите гледаат во лудите, а тие гледаат во насобраните на плоштадот, се гледаат и меѓусебе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Околу нив, во широк круг, се чуварите на градот, кои внимаваат лудите да останат на купче; чуварите стојат со мошне раширени нозе за да бидат што пониски, и никому да не попречуваат во глетката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа со раката опиша широк круг и си ја симна шапката...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вие се заколнавте во името на некој што јас не го спомнувам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)