Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Го потргнува превезот што го дели широкиот кревет на две половини и гледа во креветот лежи Хера облечена во блескава ношница и со круна на главата како кралица.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Мајка стана, ја потфати под мишки, лесно, чиниш се плаши дека ќе ја разбуди, ја подигна и полека ја легна на широкиот кревет. Јаболковина мириса перницата, на печена круша и дуња мирисаат веленцињата; на пресен леб штотуку изваден од фурна, мириса целата одаја.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Влегува во гостинската одаја. Широк кревет послан со црвени веленциња.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Внатре има исто толку светлина колку и надвор и покрај проѕирната завеса, ѕидовите бели како млеко, широк кревет од горната страна на прозорчето, а од другата, стаклена витрина со четири фиоки во долниот дел, долу светнати штици покриени со килимче какво што имаше кај тетка Евдокија во Прилеп, на средина маса со плетена покривка и модра стаклена вазничка со цвеќиња од градината.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)