широк (прид.) - грб (имн.)

Не се задржа на нозе и ги покри со широкиот грб потонатите кораби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За миг, чиј живот е долговечен колку и една искра, колку и светлоста на ѕвездата со бела опашка, минаа пред неговиот вид призраците на една иднина независна од него: Јана со набрекнати дојки и детска количка пред себе, и тој, Иван сиот покриен со мирис на пелени и загорено млеко, и дождалците зад широкиот грб на богот Мирон, и брат му со нова и тешка кожена торба под мишка, и тие, бројките од Нојовиот ковчег, весели и насмеани победници над една рапава смеа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон, сиот рамнодушен за се што гледа и што слуша, го потпре широкиот грб на потпирот на столот. „Во Нојовиот ковчег сѐ живо и сѐ мртво е бројка. Обиди се.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гол до појас и мускулест, бел, без сало, со широк грб, можеше да потпира рид и да стане легенда.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чекореше по Глигор. Неговиот широк грб се клатеше де налево де надесно, на три чекори пред него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мрзоволно се влечев по нив по малку навреден што не ме погледнуваат, застанував полека и гледајќи го широкиот грб на Баждара се губев во нејасни мисли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пиштењето на несреќникот мина во бескрајно офкање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нешто морало да се стори: или ќе го пуштат да се бие, малку поднапиен бездруго да гине, или ќе го притегнат и озновски ќе го натераат да ги признае декласираноста, лумпенпролетерскиот анархизам и верската заблуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој човек со гуња од секакви закрпи и опашан преку неа со две шамии, во објала во кои можат да се нурнат шумски пенушки, понекогаш работел в град: таму носел на широкиот грб по две вреќи брашно или сол, редел по турските и ерменските магази буриња со маслинки, по ановите со боси нозе гмечел грозје во каци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот се потпрел со широкиот грб на дрво и извадил од шарена селска торба полна со обезличени книги и маслени тетратки боцкава топка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)