Со својата широка гостопримливост за геј-желбата, како и со самата своја форма, чии нарушителни смени на начинот ја укинувале нормалната, обичната стварност и ја заменувале со лирска, игрива, откачена и екстатична алтернатива, мјузиклот на одреден вид геј-гледачи им ја пренесувал, „дури и при нејзиното одрекување, хомосексуалната склоност на светот“. (132–133) Без воопшто да ги признае геј-мажите и дури и при самиот чин на одрекување на нивното постоење, бродвејскиот мјузикл им дозволил да учествуваат во настраните начини на суштествување и чувствување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)