- Гледајте, ви се молам, - го задржува со широк гест вниманието на другите постариот уметник.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Почитуван бегу,” рече тој со широк гест, „јас мојата благосостојба колку што ја должам на мојот прочуен Дубровник, толку ја должам и на добрите намери на господарите од овие краишта.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Видиш ето га Скопље ... (Покажуе со широк гест).
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
- Што запревте бре ќерати?... - засипнато им подвикна на премалените чалгаџии татко му на младоженецот, и со широк гест залепи на челото на гранетчијата голема банкнота.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Тој ја истегна десната рака во широк гест и чекаше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кога Андон, Лилица и Азра излегоа од ресторанот го забележаа Авни како со широки гестови на рацете под врбата му расправа нешто на Таки кој седеше на масата со весници речиси неподвижен, со поглед упатен кон другата страна на реката, оставајќи впечаток на незаинтересираност за она што му се кажуваше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)