широк (прид.) - вилица (имн.)

Цела спротивност се еден на друг: Борис е како крап во лицето: широки вилици покриени со сиви влакна: тоа времето на доцното детство отишло в неврат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)