широк (прид.) - булевар (имн.)

По крајбрежјето се распростираат широки булевари, улици и плоштади кои, на височините на градот, се стеснуваат и се трансформираат во сокачиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако на овој кварт на студентите му се одземат оние широки булевари, кои се наедно и главните магистрални артерии на фанцуската метропола, тогаш овде можете да се изнагледате на безброј тесни улички и сокаци кои не се оставени на мир од автомобили, што и овде се вовираат и ги обеспокојуваат многубројните шетачи...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Улицата откај станицата е преправена, сета е асфалтирана и претворена во широк булевар, се протега во недоглед и таа е главната артерија преку која овој град се поврзува со Југославија и Европа, како и со Атина, и со патиштата кои Грција ја врзуваат со Софија и Истанбул.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од времето на италијанската окупација покрај широкиот булевар останаа и зградите на неколкуте министерства во центарот на градот кои се одликуваат со нивниот хармоничен изглед и барокни фасади.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Некаде наблизу треба да се вишнее вашингтонскиот обелиск, највисоката градба на американската метропола, симболот на моќта донесен и тука оддалеку, преку помпезниот дух на урбанистичките замисли на Л’Анфан, францускиот архитект и американски револуционер од 18 век, и на градителот на вашингтонскиот обелиск Роберт Милс што го подигнал во втората половина на 19 век – таа извишена тежишна точка на семоќта, пренесена од духот на најдревните градби на денес мртвите градови од фараонски Египет во Африка, преку Париз на ампирот, наполеонската грандиозност и помпезните аксиометриски поставени зданија до кои водат широките булевари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Старите си ги имаа своите свратилишта, младите си наоѓаа нови - и тие воопшто не се ни поклопуваа нути пак се вкрстуваа во сплетот на мрежата од широки булевари и тесни улички, во кои можеа да се раѓаат, да растат и да се движат без да се сретнат и дури без да се судрат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тротоарот на широкиот булевар е влажен од попладневниот дожд.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Одејќи долж широкиот булевар, на правливиот тротоар окупиран од паркирани автомобили забележав: бабичка си фатила свое ќоше и продава врзопчиња чај наредени на картонска кутија. Ги загледав чаевите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тогаш посакував град со широки булевари, дрвореди, паркови, тревници, цветни алеи...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)