Но затоа, веднаш би можела да ја почувствувам истата онаа возбуда од нејзината внатрешност како кога бев малечка, иако со децении не сум стапнала во неа, во широкото антре со мермерен под, од чија десна страна, во сутеренот, останува адвокатската канцеларија на г-н Сечков (и сега, кога ја замислувам, е како тогаш, варосана бело, со голема темно-кафеава работна маса пренатрупана со „предмети“, хартиени ролни завиткани со конопче, а пред неа, исто таков, темно-кафеав стол за клиентот).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)