Кога ќе дојде вечерта, ја гледа аловата боја на зајдисонцето што ги поплавува околните брда и планини, кога селаните што се враќаат по патот од полето, седнуваат кој каде по камењата и меѓите и го гледаат заоѓањето на сонцето, неговата чудесна светлина, како што тоа го чинеле древните луѓе кои секогаш заеднички го следеле заоѓањето на сонцето и се молеле пак да им се врати.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)