чудесен (прид.) - начин (имн.)

Според тоа, заблуда е дека некреативни и неталентирани поединци можат, под дирекно влијание на дрога, на чудесен начин да се трансформираат во творци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И иако смртта на уметноста е објавувана многу пати, особено во овој век, таа секогаш успева да се реинкарнира на чудесен начин.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На некој чудесен начин, не беше разочарана.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Остави да го водат нозете, зашто му се чинеше дека, на некој чудесен начин, повеќе почнал да му верува на телото отколу на мислите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомнение и без прастарата човечка навика со зло да го одржува во животот на својата крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но вие на еден чудесен начин ја поттикнувате мојата размисла во тој правец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На чудесен начин ги поттикнуваше, ги оживуваше дамна згаснатите спомени од моето детство, кои не можев да верувам дека не биле избришани засекогаш во мене.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Вие на чудесен начин ја одржувате бесмртноста на татковата библиотека во борхесовска смисла, вникнувајќи во смислата на нејзината замислена и остварена метафора во мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие продолжувате на чудесен начин да ги обединувате сите атоми на мојата сага по целината по која трагам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Трагаш по тврдината на загубената меморија, градиш еден вид тврдина во пепел.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со моите најубави желби Луан Старова XVII Елен Лејбовиц на чудесен начин не само што навлегуваше во мојата балканска сага, туку таа ја прошируваше смислата на нејзиното постоење, нејзиниот хоризонт на ширење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Има автори кои согоруваат во мисијата да пишуваат на јазикот на душата, кои не стиgнуваат да ја откријат целата азбука на овој јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомневања и без прастарата човекова навика со зло да го одржува животот на својата крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во почетокот, Ла Ринашенте го дополнуваше нашиот буквар, ги збогатуваше, на чудесен начин, сликите од изградбата на комунистичкиот социјализам во нашите учебници по запознавање на општеството, по географија, по историја, по марксизам, кои им контрастираа на сликите на една капиталистичка земја, посебно со каталогот од модата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во вистинската љубов, сѐ се враќа, на чудесен начин се премостува времето. – За патувањето во Италија, мили, јас, за прв пат, си ја облеков одеждата од свадбените дарови што ми ја донесе ти, за нашето свадбено патување!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, во својот живот, пролеа многу малку солзи така што, ако се откриеја поводите за нивното создавање, ќе можеше, на чудесен начин, да се дополни семејната историја, балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пред свеста на чита-телот полека изнурнува една романтична и мистериозна визија на американскиот среден запад од почетокот на дваесеттиот век која понекогаш на чудесен начин се материјализира на црвените, песочни брегови на Марс, меѓу земјанските колонизатори.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)