Си го зеде торбулето на рамо. Исчезна во авенијата на палмите, следен од чудесниот залез на сонцето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не постои вечноста, освен во чудесните залези на сонцето, колку и да се задржува земјата како своја, како татковина!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само на чудесниот залез на сонцето не можат да му постават граница...“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А кога сонцето заоѓа и синевината ги покажува своите невидени метаморфози, човек кога се оддалечува од Езерото ги понесува идните залези како ветувања на среќа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)