Чуден цртеж! И прекрасен. Девојчето знаеше дека стоиме зад неа и дека ја гледаме, ама ниту се сврте, ниту престана да работи.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Од исток во широчината безизразно гледаат со матни, напукнати или со весник излепени прозорци, низа збиени и од земја никнати куќарки; на запад - гнил, накривен плот зад кој се наѕира темно- црвен оџак; од југ - слеп ѕид на него чуден цртеж со креда; голем круг со две дебели бели точки, под нив водорамна црта.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)