Кога се вратив со полните стомни а во главата со оние размисли за чудниот старец наеднаш ми се причини дека и таа заминала.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Исто така, некој чуден старец, со раширена бела брада, залутал до мостот и, со глас што се чинело како да доаѓа од длабочината на пештера, го предупредил Даниел дека ни неговите потпори, ниту неговото вешто ѕидарство, ни неговиот специјално измешан малтер нема да можат да опстојат на злата сила, која била насочена кон уништување на неговиот мост и која претходно уништила два други моста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пред него стоеше чуден старец - широк, разграштен, покриен до очи со црна излижана шубара; од неговото брадесто лице итро ѕиркаа две коси очи, оддалечени едно од друго.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)