Сандри не сакаше да му каже на непознатиов за една чудна слика што му се појавуваше често во свеста.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Следуваше звук на истрел и пред него со огромна брзина се редеа чудни слики на кои не им го знаеше потеклото (знаеше само дека не е во кино).
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Не барам а наоѓам во себе чудна слика: помеѓу осаменик и чета со нејасни лица е кренат непробоен ѕид со тајни отвори за атак само од едната страна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Непостоечки погледи со кои се разминувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но секогаш кога се приближуваше со чунот полн риба до контролорите кои требаше да му го земат десетокот за еминот, нему му доаѓаа пред очи некакви чудни слики на непознати места, некакви други рибници каде што тој ловеше сам во свој далјан, некакви други брегови и весла што со леснотија на крилја го цепеа среброто на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дури сакам и да му признаам дека сум затечен или поточно збунет од сопствените размисли а и од оние чудни слики што постојано ме изненадуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мила, чуден сон сонив, ме стаписа сонот. Чудна слика, морав да ти јавам.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)