Тој мисли и на оние мажи, каков што е и самиот тој, кои станале полнолетни пред Стоунвол – кога бродвејскиот мјузикл сѐ уште бил жив културен облик,119 а јавната машка геј-култура сѐ уште не постоела – и кои искуството на геј-ослободувањето ги преобразило толку длабоко и неочекувано, што постепено почнало да изгледа „сосема обично што јас, од сите луѓе на светов,“ како што забележува Милер, „сум, ете, во друштво со мажи што носат ремени за кревање тегови, со прстени на брадавиците, а да биде крајно чудно, не само што сѐ уште можам да ја слушнам истата музика што ја знам уште откога бев дете туку и тоа што имало и други, многумина други такви мажи меѓу нив, кои се во истава чудна положба како мене“ (23-24).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)