чуден (прид.) - начин (имн.)

Овој текст има за цел да претстави една „форма“ на популарната уметност, настаната со оживувањето на британската ликовна сцена во деведесеттите (на чуден начин симултано со успешноста на новата британска поп-музика).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но таа јаснотија ништо не менуваше во светот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подждригнувајќи, одеше кон својот гроб но на чуден начин веќе сакаше така да живее, да живее во самодоволно лешинство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Внатре таквиот систем, којшто секако е систем на институцио­нална контрола, сепак се одвива комуникација, и уште повеќе, таа може и да функционира во нејзините рамки, а да не ја загуби својата препознатливост и традиционалната „бунтовност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Судбината на чуден начин не поврза, таа го направи своето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На чуден начин ги предизвикуваше мојата повлеченост што тие ја доживуваа како игнорирање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И порано ќе ми кажел, ама не дошло ред, друго е сега кога на чуден начин сме се нашле надвор од секојдневието.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се сеќавам вечерта кога мајка ми се врати од кај неа беше истовремено вознемирена и загрижена, но и на некој чуден начин задоволна и смирена.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Утрото ни јавија дека починала!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој се смее. На некој чуден начин ме успокојува кога седам со него на клупата пред црквата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак, ни ги купуваше најголемите чоколади, највисоката елка за Нова година и секогаш знаеше што сакаме да ни донесе Дедо Мраз.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дискурсот што го промовира целата таа гро­зо­морно анахрона булумента наоколу, која жи­рира, дели награди и објавува книги според единствената, комесарска, метода што ја знаат и според критериуми патриотски т.е. идеолошки т.е. никакви т.е. полоши и од никакви затоа што со никаквите барем владее случајот, за раз­лика од оваа мрачна културна ентропија што ни ја нудат новите наци-идеолози, е дискурс архаичен, полн со патос, плачливо самосожалувачки, екстремно нелуциден и здодевен, но којшто, од друга страна, на некој чуден начин е ефикасен и опасен затоа што оперира со најпризем­ните (најмалку интелектуални и кои најчесто се гола пропагандна содржина, што така добро го знаат разуверените Сербо-Кроати) пориви на човечкиот дух: идеализмот, морализмот и ресентиманот, три најстрашни духовни гревови од кои особено интелектуалецот, според Слотердијк, мора да се чува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Само за 70 куруши уличниот продавач, со зарипнат глас, нуди нешто што личи на палачинка, само што е гарнирана на сосема чуден начин: посипана е со малку месо, потоа со магдонос, со репка и со други видови зеленчук...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По подолга тишина, тој самиот почна да зборува за своите доживувања во Југославија, за местата низ коишто минавме, за тоа дека сето видено на некој чуден начин го привлекува, дека секако, под други околности, мора да се врати и дека сето тоа, местата и луѓето, е занимливо, дури убаво, но некако unheimlich.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој седеше малку понастрана, потпрен до дрвената ограда и на некаков чуден начин, ни потсмешливо, ни сожаливо, се насмевнуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старецот вистински беше радосен: Жетвата во планината на чуден начин го возбудуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му се насмевна Лена на чуден начин А тој не спомна дека спомените пусти се натрупани како несредени пљачки на нестрпливи туристи во автобуси... (Тоа можеше нејзе многу да ѝ значи?) “Го помниш ли утроно: крај прозорецот... на брегот Беше пролет... а ние од сонот занесени…
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Плачел. На чуден начин, небаре прстените на грбникот му биле одделени еден од друг, се исправал од својата пониженост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна, кога уште верувал дека и мртов ќе го мрази насилникот со превивка преку око, се сеќавал дека биле корен на грев неговите мисли: тој тогаш од две теста месел величествен облик за туѓи заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, целата онаа агресија во Битола, оној чуден начин на барање услуга, сето тоа некако уште повеќе ме исфрли од колосек раѓајќи притоа некаков непознат отпор во мене кон сé што посегнува по мојот интегритет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Разуларената склоност кон фабулирање кое сега веќе не е ни логично ни метафорично, а за симболика и да не зборуваме, токму на северот на Европа води кон едно лудо храбро фантазирање, па и во круговите на граверите, столарите, златарите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Квргавите орнаменти ги нарекуваат: “најновиот чуден начин” на Кристоф Јамницер, а таква е сосема разуларената орнаментика на Флиндт и неговите другари.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А еднаш, кога можеше да се обѕрне, тој ја откри и целата шума околу себе, која на некаков чуден начин продолжуваше за сето време да се движи околу него, едвај осетно залелкана и во едно бавно, но постојано одминување. Најпосле се најде и себе си, сиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А некаде длабоко во нив, утре, кога ќе бидат сами и кога ќе треба да се одмерат, тој знаеше дека и за она ноќеска на некој чуден начин виновникот ќе биде пак тој, можеби само затоа оти беше присутен и оти остана надвор од тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ха, ха, ха, - продолжуваше Претседателот. Беше тоа едно јадро човечиште, само за неколку прста понизок од Змејка, со широки раменици и со нешто несигурно сковано и на еден чуден начин колебливо во секоја црта од неговото лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Александар почувствува дека не го прекорува поради неговата неснајденост, тука дека таа дури и на некој чуден начин прави да ѝ биде симпатичен на Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Глетката потсеќа на оние од разгледниците, а вие замислувате како го сечете мангото на четвртинки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Небото, езерото, тревата, патките, разните шетачи, сѐ изгледа посвет­ло, почисто, помагично, телата и предметите обвиткани со силна светлост по рабовите, и на некој чуден начин потонати во сопствената тишина и во пределот околу нив. Како да пловат во просторот сами за себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Има денови кога, на чуден начин, владее добро расположение.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој на чуден начин му го скротуваше бесот, од грубиот човек завчас правеше добар, од поулавениот - благоразумно суштество.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И покрај обидите за иронија, дури и цинизам кон рутинското секојдневие, ова се стихови кои не само што го коментираат, туку на некој чуден начин и го сакаат она од што е тоа сткаено - мирисите, звуците, другите луѓе и оние неколку залаци блискост кои можеме да ги проголтаме заедно со нив.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Одеше по калдрмисана улица со мали двокатни куќи, со издадени врати кои излегуваа директно на тротоарот и кои на чуден начин потсетуваа на дупки на стаорци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вознемирен беше на некој чуден начин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакаше да ја стори лешник и в џеб да ја стави. Можеби на тврд и чуден начин...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Локомотивата како да удри во нешто таму напред, некоја невидлива сила проструи низ вагоните и луѓето, а долу под нив одеднаш сите тркала под сите вагони не се вртеа туку се лизгаа по железата со страшен писок, кој пак, некако на чуден начин се вовре во испозаспаните низ целата композиција.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Овде пак ефектот е таков да мелодискиот опсег се развлекува на чуден начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Погодуваше како врел куршум кој на чуден начин уште еднаш експлодирува в мозок.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Или, поточно се понадевав дека на некој чуден начин ги користам зборовите за кои верував дека Јана беше спремна да ми ги позајми за да му ги упатам место неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев под притисок на помислата дека Загорка Пеперутката на некој чуден начин има увид во сè што се случува во мојава соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност стануваше и премногу очигледно дека Грофот ми приредува изложба на експонати кои треба да го поддржат неговото тврдење дека во овој свет на недоречености сè е привид а нашата вистина за жал е само илузија или лага од која тешко ќе се извлечеш ако ја преценуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На еден чуден начин, помеѓу траурното шепотење на Катерина, Јана ја изрече својата покана: - Ќе го продолжиме разговорот кај нас, ако те доведе - и покажа кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев дете кога го слушнав татко му на братучедот Благоја под лозницата во дворот како вели: Се случува одвреме навреме да откријам дека им се обраќам, дека им зборувам, на птиците, на магаренцето па дури и на прачките во лозјето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Привиденијава висеа и покрај ѕидовите; или неочекувано ќе се појавеа на премините; а напати ќе се здадеа од подотворените врати и на чуден начин ќе ги извиваа долгите вратови заемени од некои непознати видови животни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или бушавиот само се обиде да ми навести дека помеѓу нас - чуваните и чуварите - не постои разлика па на чуден начин ми ја понуди својата поткрепа?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спомна дека Маестрото лично неа ја поканил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека во неговата ординација бев седнат спроти него одеднаш доктор Настев ја извади минијатурната шупелка од фијоката, ја разгледа внимателно како да ги бара нејзините загубени звуци а потоа на чуден начин си поигруваше со прстите по нејзините дупчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ние обајцата тие „формативни”, постадолесцентски години ги минавме во таа на некој чуден начин дури и либерална СФРЈ, купувавме плочи, најнови книги, имавме три премиери неделно во кино...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Те фура на ентузијазам новава состојба или си резигнирана?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако публиката постепено ја пропремате за експлозија, самата експлозија на чуден начин не делува како врв на возбудувањето, туку напротив, возбудувањето Margina #21 [1995] | okno.mk 29 слабее.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Талкам наоколу на чуден начин кој и самиот го виде и гледам дека ништо не се случува без метод и ред - што повеќе треба да знам?“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Поради тоа што Битието никогаш немало “значење”, никогаш не било мислено или соопштено како такво, освен со себеприкривање во суштествата, diffѐrance, на извесен и многу чуден начин, (е) “постара” од онтолошката разлика или од вистината на Битието.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ова е на некој начин моја омилена идеја, дека светот може да се расцепка на помали... ТЛ: Мене исто така, момче. ВГ: Сепаратизмот на западниот Брег и слични работи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во Гроф Нула, малку спомнувам што се случува во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А постојат некои проблематизирања, како на пример дали САД постои како политички ентитет, или всушност, Америка е балканизирана на некој чуден начин.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)