„Секаде каде што ќе намине смртта се случуваат сосема обични а сепак чудни настани кои за жал остануваат недоразјаснети“, беше заклучокот на татко ми изведен од чудната смрт на неговиот помал брат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Како што одминуваше времето, така душите им се стоплуваа, а со тоа и чудни настани им извираа низ устите обликувани во низи зборови што се таложеа во мене молчаливиот, стутканиот меѓу колената на татка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сите што го забележаа чудниот настан и, вклучувајќи ја и неа, со Цитроенот залепена до фантомскиот Мерцедес, беа шокирани.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Пред многу и многу години, ако не и порано, се одиграл чуден настан за кој во светот ништо не се знае.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Зошто да не можам и јас да размислувам за смртта на сличен начин?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но капка негова крв останала на небото. Се измешала со синилото и станала лилава.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)