човеков (прид.) - тело (имн.)

Се наоѓа природно како маслена киселина во човековото тело, а исто така, мали количества има и во некои овоштија меѓу кои и гуава.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
3) Уметничко населување на паралелните светови Најнапред да го споменеме австрискиот уметник со грчко (кипарско) потекло Stelarc и тоа посебно неговиот перформанс Remote за третата рака и забрзаното тело, со којшто настапува во Јапонија (каде што претежно живее) и САД, па и во Европа, на пример 1990 год. во холандскиот град Гронинген во рамките на вториот меѓународен симпозиум за електронска уметност (SISEA) и јуни 1992 на Ars elektronica во Linz.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговиот настап (во нешто помалку од еден час долгиот перформанс) ја демонстрира философијата на комплексните врски помеѓу човековото тело и постиндустриските машини; тој телото го разбира како предмет на обликување (design) и техничко дополнување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа надворешна еднергија делумно влегува во човековото тело како храна, а делумно е привид што на човекот му се покажува како стварност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Човековото тело се разликува од животинското по тоа што може да ги прими пораките на духот (волјата) и да се однесува според нив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во него нема живот, животот е само во душата што човек ја има, за разлика од животните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Колку телото е способно да го изрази или репрезентира субјектот доколку го замислиме како простор за негова изградба? ÂÂ Без визуелна експозиција на човековото тело навистина веќе нема добар спектакл.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еден од најчестите перформативни простори е самото тело, телото кое се изложува, сецира, се снима однатре, се мери и станува сцена.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А и вошките пак што беше најлошото, имале грд обичај без малку се впикувале во секое делче од човековото тело.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како учебно помагало во курсот по анатомија, Хамилтон ни покажа филмови за оддолжено дејство на X-зраците на човековото тело, кои прикажуваа синхрони движења, движења на дигестивниот тракт, перисталзисот итн. Тие беа единствени. Се надевам дека сè уште се.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бидејќи изложеноста на телото на такво оддолжено дејство на X-зраци доведува до масовни изгоретини и уништување на ткивото, и агонизирачка смрт освен ако човечкото експериментално животно едноставно не се докрајчи и со тоа стави крај на мизеријата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)