човеков (прид.) - околина (имн.)

Дали сепак, се прашувам, дали сепак тоа не е во функција на оправдување на човековата глупост конечно на штета на човековата околина, без која тој како да не може да живее?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На авторот, не ретко, му се случуваше да му се смачи од активностите во корист на заштитата на човековата околина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше буквално деноноќно посветен на граѓански активности во корист на заштитата на човековата околина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ние сакаме своето здравје да го загрозиме и човековата околина да ја загадиме.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа. Сигурно тоа, во деновите, неделите и месеците што следуваа, некое време следната зима го внесе меѓу истакнатите активности за заштита и спасување на човековата околина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа нам како да ни го осмислува животот. Да ја загадуваме човековата околина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во ваквата ситуација, во оваа шема на слободниот пазар, никој ни за момент не може да мисли на човековата околина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа толку многу го чувствуваме како потреба што веруваме дека загадувањето на човековата околина е природна потреба на човекот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беа дошле до заклучок дека на светот му е потребен нов или подновен светски поредок, што од една страна ќе ги заштити човековите права и човековата околина, а од друга страна ќе ги спречи господарите на парите, монетарната стварност да ја претворат во катастрофална виртуелност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)