човеков (прид.) - движење (имн.)

Во Кругеровото видео окружување, луѓето во одвоени соби стапуваат во интерактивен однос.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Татко, праформите на човековото движење ги откриваше во миграторните движења на рибите и на птиците.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа е, како што самиот изјави на собирот на историчари на уметноста минатата година во Courtauld институтот, слика за „гужвите и архитектурата... огромно богатство, блескавост, предмети, светло... еден вид насликана енциклопедија на човековото движење, на материјалните животни задоволства, каде темата е периферализирана“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кругеровата светлечка и звучна соба одговара на човековите движења со трепкање на фосфоресцентните цевки и произведување на синтетички звуци.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)