членски (прид.) - карта (имн.)

После објаснувањето дека од љубопитност сакам да видам како се забавуваат младите во Келн, домаќините ме пуштија да влезам, зашто инаку во овој ноќен вертеп можеше да се влезе само со влезница и со членска карта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не можејќи пред американската јавност да се претстави како филмски режисер, се зачленил во Сојузот на американските возачи и со нивната членска карта си обезбедил виза за престој.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За мали пари доби членска карта, бројче на столот и можност да буричка по картончињата на картотеката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)