Ме мачеа нови мисли. Излегуваа од читаните книги, разговорите со угледници на оваа пријателска, сакана земја!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше сигурно дека бев наследил дел од татковата тишина која подоцна ја откривав меѓу редовите на неговите дамна читани книги, во дамките разлеана пепел од тутунот на занесните читања како негово живо присуство, многу години по неговото исчезнување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не, не можев да утврдам, всушност, дали Татко или неговите читани книги, според распоредот наложен од неговите алхемиски потраги во неговата библиотека, ме повикуваа на едно негово големо неостварено кружно патување низ водите кои означуваа планетарен круг!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Беше тоа период кога тешко го рланирав самиот своето време, поради големите и секојдневни дипломатски обврски.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Директорката од малата библиотека во Шапоно, во писмото, навезано со убав ракопис, ме известуваше дека библиотеката во месец мај 1999 година слави дваесет години од основањето и комитетот на читатели одлучил по тој повод да повика на средба најчитан автор во тој период според статистиката на читаните книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)