На мајките секој ден треба да им се подаруваат убави зборови, топли насмевки, секој ден треба да им ја подарувате вашата помош во домашните работи; секој ден треба да ги радувате со вашето убаво однесување, со доброто учење, со вашата чиста облека, со доброто здравје, со вашата добрина и ведрина.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Кога ќе ги тргнете боцките, облечете чиста облека, каснете или напијте се нешто, тогаш повторно живнете.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Едо беше по природа чист и уреден момчак, со секогаш чиста облека и чевлите светнати, но сега, по средбата со Германија, откако го доживеа нејзиното чисто тело и за да ѝ биде дораснат, почна посебно да обрнува внимание на себе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Помислете на печурките (помеѓу останатите и на царската!) кои таму би можеле да ги пронајдете.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Зеде чиста облека од камионот, не обрнувајќи внимание на Пикник, кој беше при крај со читањето на “Девојката од мочуриштето” и кој почна нешто да кажува но се премисли, отиде до спалните и стоеше под тушот долго време, помислуваше дека е како дожд, пролетен или летен дожд, и се присетуваше на сите моменти кога бил наврнат, и кога излезе од спалните, облечен во чиста униформа, забележа дека повторно е темница.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Возот зад мене збифташе со здив на рането животно, а јас во обете раце држев патнички торби – во една книга, а во другата чиста облека.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Земи костурска глава.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)